Прашкото квадриенале е основано во 1967 и годинава, со цел да да го донесе на едно место најдоброто од перформансот, сценографијата и театарската архитектура, а годинава го има своето петнаесетто издание. Архитектонски факултет - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со своите парнери Здружението за уметност и култура „Факултет за работи што не се учат-ФРУ“, Младинскиот културен центар, Меѓународниот театарски фестивал МОТ и Факултетот за драмски уметности е дел од изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни 2023 во Прага, Чешка.

         Prashko kvadrienale 2023

Основната педагошка и научна парадигма на Архитектонскиот факултет во Скопје и пристап во изучувањето на изградената средина, архитектурата и урбанизмот е низ архитектонскиот проект. Поради тоа, Факултетот во континуитет инвестира и ги развива своите педагошки, научни и истражувачки активности кои им овозможуваат на студентите и на младите истражувачи подобро разбирање на градовите како главен медиум низ кој се изучува архитектурата. Комплексноста на градовите наметнува иновативни и алтернативни педагошки и научни пристапи во истражувањето и разбирањето на феноменот на урбаната форма и урбаниот развој. Во тој контекст, Архитетонски факултет, во соработка со своите партнери од УКИМ и партнерски универзитети од странство во наредниот период планира да основа и развива Лабораторија за истражувања на просторните практики во градовите низ мултидисциплинарен пристап кој би ги обединил класичните и перформативните уметности, архитектурата и урбанизмот, со цел подобро разбирање на просторните искуства и практики на користење и создавање на нашите градови.
„Сметам дека ова е извонредно искуство за студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ кои се дел од тимот и кои имаат уникатна можност да истражуваат, но и создаваат низ еден, за нив сосем нов инструмент на разбирање и креирање на градовите збогатувајќи го знаењето и разбирањето не само за нашите градови, туку и за нашето општество во целина. Убеден сум дека низ новата Лабораторија за истражувања на просторните практики во градовите во непосредна иднина ќе имаме многу повеќе вакви инспиративни и креативни мултидисциплинарни соработки.“ изјави деканот на Архитектонскиот факултет проф. д-р Огнен Марина.
Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни 2023 во Прага, Чешка.

Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, курирани во заедничката изложба „Градот како сцена“ овој проект го користи градот како текст за препрочитување на историските настани преку евоцирање на (тектонските) поместувања, судири и (само)експлоатации во контраст на локалните официјални и неофицијални приказни. Во Студентскиот павилјон пак, куриран од Кристина Леловац и Филип Јовановски учествуваат Мартина Пенева, Димитар Милев, Тамара Џерков, Дениз Ајдаревиќ, Александар Јовановски и Мартина Петреска.

„Претставувањето на РСМ во Прага собра голем тим на учесници/ки и особено сум среќен и благодарен на довербата која тимот ја вложи изминативе шест месеци во овој активен и комплексен процес. Добивањето на главната награда Златната Трига на минатото издание во 2019 година, беше и сеуште е мотив за нас како тим да се обидеме градот како ресурс („капитал") да го распределиме и споделиме со пошироката уметничка заедница и тоа преку национален павилјон и за прв пат студентски павилјон на оваа голема манифестација“, вели Филип Јовановски, еден од кураторите на националниот павилјон.